Путин објасни што е вистинско другарство со примерот на неговиот татко

Рускиот претседател Владимир Путин го посети Серускиот детски центар „Океан“ во Владивосток, 1 септември 2021.

Рускиот претседател Владимир Путин го посети Серускиот детски центар „Океан“ во Владивосток, 1 септември 2021.

Sputnik/Јевгениј Паулин/Kremlin via REUTERS
На средбата со учениците во Серускиот детски центар „Океан“ во Владивосток, рускиот претседател раскажа како изгледа вистинското другарство и како другар го спасил животот на татко му во Втората светска војна.

За вистинско другарство можеме да зборуваме кога не само што го почитуваме другиот, туку гледаме дека е подобар од нас во нешто, дека е попаметен, поискусен, похрабар... Тоа е на прво место. И уште една многу важна работа е да сме подготвени не само да го поддржиме, туку и да сториме сé на тој човек да му биде добро во секој поглед, за да се развива и напредува“, рече Владимир Путин. И во одредени околности, треба да се биде подготвен дури и на жртва заради својот другар, додаде тој и по тој повод раскажа случај со своето семејство.

„Татко ми беше учесник во Втората светска војна. Тој се борел и на Ленинградскиот фронт, на мал простор познат како „Невскиот пјатачок“, рече рускиот претседател и додаде дека руските борци ја држеле таа позиција за да ја искористат за пробој на обрачот, но таму било многу тешко да се преживее. „Татко ми бил ранет, и за да остане жив, требало некој да го префрли во болница, а болницата била на другата страна на реката Нева. А за такво нешто требало да се ризикува животот, и за волја на вистината, немало многу заинтересирани“, продолжи Путин. „Бидејќи ако некој се обидел дури и ноќе да премине на другиот брег, тој би бил изложен на смртна опасност бидејќи под рефлекторите се гледало сé“.

„Но, тука се нашол сосед од зградата, па го зел и го одвлекол својот другар. Ризикувајќи си го сопствениот живот, го донел во болница, го прегрнал и рекол: „Па, збогум, ќе живееш. А јас се враќам. „Одам да гинам“, раскажа претседателот. „Е, тоа е другарство, тоа е чувството на долг и кон одредена личност и кон татковината“, нагласи тој. За среќа, соседот преживеал - таткото на Путин го сретнал во продавницата во текот на 1960-тите и го препознал.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња