На територијата на Јакутија веќе трет месец нема дожд, што ја влошува тешката состојба со шумските пожари во регионот, изјави за ТВ „Ѕвезда“ Николај Коваљов, заменик-началник на Федералната агенција за шумско стопанство „Авиалесохрана“. Тој појасни дека силните ветрови и сувоста на шумите доведуваат до брзо ширење на оган.
„За жал, на територијата на Република Саха веќе трет месец, всушност, нема ниту една капка дожд, така што ситуацијата е таква што оптоварувањето на ветерот на оваа територија е многу високо - повеќе од 10 метри во секунда. Сува подлога, зимзелени шуми, затоа пожарите се шират многу брзо“, објасни Коваљов.
Тој додаде дека борбата со шумските пожари е отежната поради нивната непристапност. Како резултат на тоа, невозможно е да се вклучи тешка булдожерска техника, а рачното гаснење пожар на тој начин е неефикасно, истакна заменик-началникот на „Авиалесоохрана“.
„Многу далечни шумски масиви се во пламен и мораме да ги префрлиме апаратите за гаснење таму само со хеликоптери и авиони, како резултат на што не можеме да работиме со тешка булдожерска техника и, како по правило, големите шумски пожари е тешко да се гаснат рачно“, додаде специјалистот.
Тој истакна дека за гаснење на шумските пожари, се користи експлозивна метода на правење појаси, проследено со палење оган во правец на пожарот, а исто така се применува и вештачко предизвикување врнежи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче