Во Сочи отворен парк за рехабилитација на циркуски слонови

dpa/Global Look Press
Слоновите сега го намалуваат стресот со лековита кал и капење во езерца.

На подрачјето на селото Ахштир во Адлерскиот реон во близина на Сочи е отворен првиот парк-санаториум за циркуски слонови во Русија, соопштува за агенцијата РИА „Новости“ главната организаторка на овој проект Екатерина Дементјева.

„Пансионот“ е отворен на 24 јули на иницијатива на дресерот Андреј Дементјев-Корнилов и „Росгосцирк“ (Руска државна циркуска компанија). Сега таму одмораат слониците Прети и Марго.

„Планираме да останеме и наредната сезона <...> и понатаму да се организираме на начин слоновите да бидат на едно место, да не се селат, ова да биде вистински парк на слоновите, да ги носиме тука од разни страни, па дури и да се парат овде“, изјави Дементјева.

Сега слоновите се третираат со лековита кал, се капат во езерцата, дегустираат јаболка и тукашните џанки, вели таа.

Паркот-санаториум е отворен за посети до 1 септември.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња