Како една фока-бегалка од Центар за рехабилитација кај Санкт Петербург стана „ѕвезда“

Една штитеничка на Центарот за рехабилитација на фоки во селото Репино во близина на Санкт Петербург се обиде незабележано да избега од оваа установа. И речиси ќе успееше во тоа доколку на крај, сепак, не се заби во затворена врата и седна покрај неа. Ама затоа оваа фока стана ѕвезда на интернет-мемињата.

Вработените во Центарот поставија фотографија од бегалката на својата страница на социјалната мрежа ВКонтакте и ја потпишаа со зборовите: Неуспешен обид за бегство.

Судејќи според сé, фоката била разочарана поради пропаднатиот план. На фотографијата таа во најмала рака делува тажно. На корисниците на рускиот сегмент на интернетот животното им остави силен впечаток. И додека на едни им се чинеше дека е под стрес, други соучеснички се шегуваа со тоа. А имаше и автори на духовити сликички со несреќната фока во главна улога.

Тажната фока се повози и во автобус, а во московското метро за време на пандемија ги почитуваше мерките за социјална дистанца.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња