Авијацијата на руското Министерство за одбрана дава помош при гаснењето на шумските пожари во Република Саха (Јакутија). Во текот на изминатото деноноќие екипажите на авионите Ил-76 од воено-транспортната авијација фрлија над 80 тони вода над жариштата на пожарите, по што се вратија на аеродромот на привремено базирање – за да се подготват за повторно полетување. Екипажите на армиската авијација со хеликоптери Ми-8 реализираа 27 исфрлања на вода.
Во текот на целиот период на гаснењето на пожарите на територијата на Јакутија, воената авијација реализираше 116 прелети со исфрлање на 420 тони вода. Покрај тоа, таа транспортираше 180 специјалисти од противпожарната служба и над 25 тони товар.
Во руското Министерство за одбрана е формирана авијациска група која ќе помага во борбата против шумските пожари во Јакутија. Во нејзиниот состав влегуваат хеликоптери Ми-8 од армиската авијација и авиони Ил-76 од воено-транспортната авијација на руските Воздушно-космички сили. Авионите Ил-76, вклучени во гаснењето на пожарите во Јакутија, се опремени со разливни авијациски прибори (ВАП-2) со волумен од 42 тони, хеликоптерите Ми-8 се опремени со уреди ВСУ-5 со волумен од 5 тони, а пилотите поминаа соодветна подготовка за исполнување вакви задачи, пишува ТВ „Ѕвезда“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче