Руски пожарникари изгасија пожар на -54 степени и се вратија во заледени униформи (ВИДЕО)

Пожарникари од Јакутск излегоа на терен по најголем мраз и се вратија од гаснење пожар во целосно заледени униформи.

Снимката што се појави на социјалните мрежи ја објави телевизијата РЕН.

На снимката се гледаат двајца мажи во заштитна облека кои се обидуваат да се исчистат од мразот, при што им помагаат колегите.

Еден од пожарникарите не можеше сам да ја соблече униформата, ниту пак ременот. Колегите мораа да го ослободат со помош на железен предмет во вид на турпија што го користеа како лост. Луѓето на снимката цело време се шегуваат и смеат. „Немој ништо да му скршиш”, вели еден од присутните.

Според податоците на тв-каналот, денот кога е направена снимката во Јакутск било минус 54 степени.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња