Луѓе на улица после поплавата по обилните дождови на Јалта.
ReutersВојници за време на Секримскиот суботник во Јалта кој беше организиран заради санирање на последиците од поплавата и уредување на популарното летно одморалиште.
Константин Михаљчевски/SputnikНа 18 јуни Јалта ја погоди многу моќен циклон. Врнеше повеќе од шест часа, а во текот на ноќта во градот падна месечната норма на врнежи. Реката Водопаднаја го поплави речното корито и поројот вода тргна по градските улици.
Луѓе на улица после поплавата по обилните врнежи во Јалта.
ReutersЗа само неколку дена во градот паднаа над 135 милилитри дожд. Нешто слично се случи пред сто години, соопшти Јанина Павленко, раководител на локалната администрација.
Автомобили заробени во длабоката вода на поплавена улица по силните врнежи во Јалта.
ReutersПод вода се најдоа преку 100 улици и подземни премини, а поголемиот дел од градот остана без струја. Некои куќи беа потопени до покривот, а сега се затрупани со камења и кал. Следниот ден луѓето беа евакуирани од поплавената зона.
Луѓе на улица после поплавата по обилните врнежи во Јалта.
ReutersНа полуостровот беше прогласена вонредна состојба. Шефот на Република Крим Сергеј Аксјонов мораше со чамец да го посети центарот на градот. Тој рече дека штетата од поплавите е „катастрофална“.
Последици од обилните дождови на бреговите на реката Водопаднаја. Силен циклон донесе врнежи на Крим, по што паднаа повеќе од две норми на месечни врнежи. Реките се излеаја од коритата и ги поплавија улиците и станбените згради.
Сергеј Малгавко/TASSЕдно лице го загуби животот во поплавата, а 54 лица се повредени, додека едно лице се смета за исчезнато.
Поглед на приливот од нечиста вода од локалните реки во Црно море по обилните дождови.
Сергеј Малгавко/TASSПо поплавата плажите во Јалта повеќе личеа на депонија, со купишта шут и кал, скршени чадори за сонце, лежалки и сè што остана од кафулињата и рестораните покрај плажата. Крајбрежната зона мораше да се рамни со булдожери.
Луѓе си помагаат едни на други да поминат улица на Јалта. Крим го погодија обилни врнежи кои предизвикаа поплави.
Константин Михаљчевски/SputnikПовеќето од плажите сега се отворени за посетители и туристите повторно одмараат на нив. Во меѓувреме, дојде вода и струја.
Улицата „Џафер Сејдемет“ во Јалта.
Константин Михаљчевски/SputnikМеѓутоа, и понатаму е забрането капење во морето бидејќи водата е сè уште нечиста.
Припадник на службата за спасување на Министерството за вонредни состојби на брегот на Јалта за време на санирањето на поплавите.
Константин Михаљчевски/SputnikНа плажите патролираат полицајци и спасувачи. Тие се грижат никој да не влезе во водата бидејќи не сите туристи ја напуштија зоната во која е прогласена вонредна состојба. Има и такви кои „толку долго го чекаа летувањето“ што решија да останат.
На Крим имаше обилни дождови кои предизвикаа поплави. Во селото Василевка во Јалтинскиот регион поплавени се 10 куќи, од кои неколку се целосно под вода.
Константин Михаљчевски/SputnikОд друга страна, на некои плажи сé уште луѓе со мегафони им нудат на туристите забава на вода, т.е. скутери и гумени чамци во вид на банана.
На Крим се случија обилни врнежи кои предизвикаа поплави.
Константин Михаљчевски/SputnikКонтингент од 21000 војници беше испратен на Крим да го расчисти градот. На некои места луѓето се обидуваат сами да го направат тоа со раце. Властите издвоија 57,8 милиони рубли (800500 долари) за отстранување на последиците од поплавата.
Улицата „Џафер Сејдемет“ во Јалта по обилните дождови и поплавата.
Константин Михаљчевски/Sputnik
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче