Москва, 23 јуни 2021, парк Музеон
Денис Гришкин /Агентство «Москва»Најпопуларниот српски метеоролог Недељко Тодоровиќ наведува дека времето е екстремно топло за јуни и дека температурите пред сто години биле слични на денешните. Како што истакнува тој, „во Москва е исто топло како и тука, а температурите зависат од струите над европскиот континент, така што на Запад е постудено за 15 степени“.
Москва, 23 јуни 2021, Железничка станица „Киевска“
Софија Сандурска /Агентство «Москва»Во руската престолнина на 23 јуни меѓу 14 и 15 часот беа измерени 34,8 степени, изјави за весникот „Известија“ научниот раководител на Хидрометеоролошкиот центар Роман Вилфанд. Се работи за највисоката температура регистрирана во јуни во последните 143 години, односно од 1879 година, откога се мери температурата. Претходниот рекорд е забележан пред 120 години, на 21 јуни 1901 година и изнесувал 34,7 степени, вели експертот, истакнувајќи дека интензитетот на топлината во Москва не спадна ниту вчера, кога субјективното чувство на температурата изнесуваше 35 степени, а објективно таа беше нешто малку пониска.
Москва, 23 јуни 2021, плоштад „Манежнаја“
Кирил Зиков /Агентство «Москва»„Ова време е опасно, температурите се екстремни. Треба да се биде максимално претпазлив и да не се изложува директно на сончевите зраци. Не можеме да се радуваме на ваквите рекорди, особено ако се има предвид дека во Москва најниските ноќни температури се од 20 до 22 степени, што е навистина многу, а во центарот на градот одат и до 23-25 степени“, нагласува Вилфанд.
Температурните рекорди регистрирани во европскиот дел на Русија нема да запрат на регистрираните бројки, убеден е метеорологот Леонид Старков (Gismeteo), наведувајќи дека на 22 јуни во Москва беше урнат рекордот од 1917 година од 31,8 степени и дека истиот ден оваа година се измерени 33,7 степени.
Причината е во силниот таканаречен „блокирачки антициклон“ кој спречува навлегување на воздухот од запад кон исток, па жештините може да потраат многу долго. Нешто слично се случи во 2010 година, кога температурата скоро два месеци беше 30 степени. Сепак, не се очекува повторување на ситуацијата од 2010 година, кога пожарите на тресетиштата, меѓу другото и во Подмосковје, беа придружени со мирис на саѓи и голем чад во главниот град и другите градови. Пред сé, затоа што по тие пожари беше направена огромна работа со наводнување на тресетиштата во централниот регион во земјата.
Москва, 23 јуни 2021, плоштад „Биржеваја“
Кирил Зиков /Агентство «Москва»Големите жештини во европскиот дел на Русија сериозно се проширија. Така, во Санкт Петербург на 22 јуни беше потопло отколку во Мадрид, Рим и Атина. Европскиот дел на Русија не е единственото подрачје со абнормално високи температури, тврдат стручњаците, кои се многу позагрижени поради состојбата во Јакутија и Источен Сибир.
„Температурата во Јакутија е 33 степени, а такво времето има и на Арктикот, зад поларниот круг. Климата во републиката е остро континентална, зимите се многу студени, а летата многу топли. Опсегот на температурните крајности изнесува 70 степени. Сепак, во Заполарјето не се очекуваат големи и долготрајни жеги. Тоа е огромен проблем за природата, расте опасноста од пожар, тундрата лесно се пали, а огнот нема кој да го гаси. Изумира целиот жив свет“, предупредува Старков.
Како што наведува тој, синоптичарите не се согласуваат кога жештините во Централна Русија ќе почнат да опаѓаат. И додека едни тврдат дека следната недела температурите ќе се спуштат на 25-28 степени, други веруваат дека антициклонот ќе се обнови и ќе продолжи со својата активност. Таквите временски услови форсираат абнормални појави во соседните региони, па така во Новосибирск и Краснојарск во западен Сибир се измерени само помеѓу 12 и 15 степени.
Москва, 23 јуни 2021, парк Музеон
Денис Гришкин /Агентство «Москва»При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче