„Јас се вакцинирав и ги повикувам сите граѓани да го сторат тоа“, рече Путин.
Претходно шефот на руската држава веќе ги повика граѓаните да примат вакцина за да ја запрат „смртоносно опасната“ пандемија.
Путин ја прими првата доза на двокомпонентната вакцина на 23 март. Неколку дена подоцна тој изјави дека чувствувал само помала непријатност во левата рака каде што ја примил вакцината. На 14 април шефот на руската држава ја прими втората доза на вакцината. Рускиот лидер соопшти дека немал никакви негативни последици.
Кремљ не го објави називот на вакцината што ја прими Путин, објаснувајќи дека сите руски вакцини ја покажале својата сигурност и безбедност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче