Кремљ соопшти како се чувствува Путин по вакцинацијата против COVID-19

AP; Nikolay Gyngazov/Global Look Press
Минатиот вторник рускиот претседател ја прими првата доза руска вакцина против коронавирус. Наредната доза шефот на руската држава ќе ја прими за три недели.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин се чувствува добро, немаше никакви нуспојави по вакцинацијата против коронавирус, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

„Се чувствува добро и, колку што знам, немаше никакви нуспојави“, рече Песков.

Минатиот вторник рускиот претседател ја прими првата доза руска вакцина против коронавирус. Наредната доза шефот на руската држава ќе ја прими за три недели. Кремљ не објави која вакцина ја примил претседателот, истакнувајќи дека тоа го знаат само Путин и неговиот лекар. Претходно Песков изјави дека сите руски препарати против COVID-19 се квалитетни и безбедни.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња