Сте слушнале ли за шалајка? Руски хибрид на шакал и лајка детектира експлозив, наркотици и Ковид-19

Михаил Џапариѕе/TASS
Аеродром „Шереметјево“. Во еден момент покрај мене поминува лисеста со шилеста муцка... лисица! Бев убедена дека е лисица, бидејќи повеќе пати имам видено лисици во природа, во Зоолошка. Одеше од куфер до куфер, ги мирисаше патниците. Меѓутоа, од каде лисици на „Шереметјево“?

Обично таа работа ја вршат волчјаци. Му пријдов на полицаец и го прашав: „Навистина ли е тоа лисица?“

„Не е“, одговори тој. „Тоа ти е шалајка“.

Никогаш не сум го чула тој збор во животот, но од неговото лице сфатив дека не е расположен за понатамошен разговор. Морав да пребарам на интернет што се тоа шалајки. Обично споделувам некои информации на „Инстаграм“ кои ми се добро познати, но денес сакам да ви раскажам нешто што штотуку го дознав.

Значи, шалајка е хибрид на шакал и ненецка лајка и е направена од рускиот кинолог Клим Сулимов за потребите на безбедносната служба на рускиот авиопревозник „Аерофлот“.

Според Клим Сулимов, шалајките „ги комбинираат вештините на лајката која може да работи на температура од -70 степени и шакалот кој ја сака жегата до +40. Идеални се за нашата земја“.

Во моментов, 25 шалајки кои детектираат експлозив и наркотици работат на аеродромот „Шереметјево“. Покрај тоа, шалајките кои неверојатно добро препознаваат мириси откриваат онколошки болести.

Од вкупно 69 кучиња, одбрани се 15 за да ги научат да откриваат Ковид-19. Ако тоа успее, ваквите животни ќе го детектираат вирусот побрзо од ПЦР-тестовите, што е многу важно за аеродромот „Шереметјево“, кој годишно прима 50 милиони патници.

Ако веќе размислувате да набавите куче кое има такви вештини, морам да ве разочарам. Поседувањето на оваа раса не е дозволено во приватна сопственост. Безбедносната служба на „Аерофлот“ е единствената во светот што користи шалајка.

Прочитајте повеќе: Овие слатки кученца на московските аеродроми ќе детектираат заболени од COVID-19

Доколку сакате повеќе информации за Москва и московјаните, Русија и Русите онака како што ги гледа домаќинот и професионален туристички водич кој работи со туристи од земјите од поранешна Југославија, посетете го инстаграм-профилот на авторот на овој текст - ВОДИЧ.КРОЗ.МОСКВУ

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња