Кремљ: Путин нема да се вакцинира пред камери и ќе остане непознато која вакцина ја избра

AP; Nikolay Gyngazov/Global Look Press
Кремљ нема намера да открие која руска вакцина против коронавирус ќе ја прими Владимир Путин, рече неговиот портпарол Дмитриј Песков, како и тоа дека претседателот нема да се вакцинира пред камери. „Ќе морате да ни верувате на зборот“, додаде Песков.

Сите три руски вакцини „ја потврдија својата ефикасност и сигурност“, истакна Песков. 

„Потврдено е дека соодветните старосни групи можат слободно да ги примаат овие вакцини, како и тоа да создаваат стабилен имунитет“, рече Песков.

Која вакцина денеска ќе ја прими рускиот претседател ќе остане непознато. Тоа не е ни важно, затоа што сите три руски вакцини се сигурни, добри и ефикасни, додаде тој.

„Ќе морате да ни верувате на зборот“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали камерите ќе снимаат како се вакцинира претседателот. Рускиот претседател Владимир Путин вчера, во текот на советувањето за прашања на вакцинација, соопшти дека има намера денеска, 23 март, да се вакцинира против коронавирус.

„Вакцинацијата е, се разбира, доброволен избор на секој човек. Лична одлука на секој човек. Јас имам намера да го сторам тоа утре“, рече Путин на седницата по повод вакцинацијата против коронавирус.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња