Путин утре се вакцинира со руска вакцина, само не кажува со која

AP; Nikolay Gyngazov/Global Look Press
Претседателот на Русија не наведе која од трите регистрирани вакцини има намера да ја прими: „Спутник V“, на институтот „Вектор“ или на институтот „Чумаков“. Тој повтори дека руските вакцини се апсолутно сигурни и безбедни и дека ниеден странски препарат не покажува таков степен на заштита!

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти на советувањето по прашањето за вакцинација дека има намера утре, 23 март, да се вакцинира против коронавирус.

„Вакцинацијата е, се разбира, доброволен избор на секој човек. Лична одлука на секој човек. Јас имам намера да го сторам тоа утре“, рече Путин на седницата по повод вакцинацијата против коронавирус.

Рускиот лидер не наведе која од трите регистрирани вакцини има намера да ја прими: „Спутник V“, на институтот „Вектор“ или  на институтот „Чумаков“.

Путин, патем, забележа дека ситуацијата во Русија се стабилизирала.

„Вашите напори, ефикасноста на нашите научно-истражувачки установи, на целиот здравствен систем ни овозможија да ја стабилизираме ситуацијата со коронавирусот, да ги заштитиме животите и здравјето на милиони наши граѓани“, рече претседателот на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња