@midrussia Журналисты пула подарили С.В.Лаврову маску. И маска, и надпись пришлись Министру впору
♬ original sound - МИД России
Фотографијата е направена при посетата на Лавров на округот Гуејлин во текот на официјалната посета на Кина.
Вчера во Кина се состанаа шефот на руската дипломатија и неговиот колега Ванг Ји. Разговорот ќе биде продолжен денес, по што рускиот министер заминува во посета на Јужна Кореја.
Новинарот Дмитриј Кисељов вака го прокоментира гестот на Лавров:
„Сергеј Лавров е фаца! Носи маска на којашто пишува отприлика „Нека оди по ѓаволите карантинот!“ Министер на земја која секако го контролира ковидот подобро од Западот им испраќа поздрави на сите оние кои ѝ даваа поуки на Русија. Подобро би било да се вакцинирате со „Спутник V“ наместо да добивате ќотек од сопствената полиција која со пендреци и шмркови ве брка од улиците.... Фотографот @rian_ru заслужува награда“, напиша тој на „Телеграм“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче