ВИДЕО: Снимка на гимнастичарката Солдатова од када покрена прашања

Александра Солдатова

Руската гимнастичарка Александра Солдатова објави на Инстаграм  видео од својата бања што предизвика прашања кај корисниците на социјалните мрежи.

22-годишната спортистка, речиси целосно покриена со пена, им посакува добра ноќ на своите фанови и вели дека ќе се одмара. Фановите се изненадија од видеото во кое таа ги протега нозете. „Колку интересно се виткаат стапалата. Не мислев дека може така“. „Леле, ете тоа е мускул на листот“, „Како може да го истегнеш стапалото така за да биде во линија? Страшно е да се замисли“, пишуваат тие, пренесува „Лента.ру“.

Во декември минатата година Солдатова објави дека ја завршува својата кариера. Таа изјави дека „го постигнала она за што никогаш не сонувала како дете“. Во ноември таа призна дека страда од булимија и ја спореди болеста со пекол.

Солдатова има четири златни медали од светските првенства, како и три победи на европските првенства.

Прочитајте повеќе: Најубавата руска гимнастичарка ја заврши кариерата!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња