Најубавата руска гимнастичарка ја заврши кариерата!

soldy21
Кога медиумите пишуваат за занесната руска гимнастичарка Александра Солдатова користат вакви наслови: „Прекрасната руска гимнастичарка во жешка поза која ни научниците не можат да ја објаснат!“, „Атрактивна гимнастичарка начисто ги излудува мажите со своите снимки!“ Една од најпопуларните гимнастичарки на Русија официјално го напушти натпреварувачкиот спорт.

Четирикратната светска шампионка во ритмичка гимнастика Александра Солдатова изјави дека поради здравствени причини повеќе нема да настапува на натпреварувањата. 22-годишната спортистка истакна дека и својот иден живот ќе го посвети на гимнастиката, но не како професионална натпреварувачка. 

„Официјално објавувам дека мојата спортска кариера е завршена. Беше тоа прекрасно патување долго 16 години“, изјави Солдатова за ТАСС.

„Не ја напуштам гимнастиката. Секогаш велев дека бев, сум и дека ќе бидам во неа. Таа е мојот живот, мојата љубов и мојата страст и нема да исчезне од мојот живот“, истакна руската спортистка.

За жал, клучниот збор во соопштението на Солдатова е „здравје“. Дека една од водечките членки на репрезентацијата има проблеми во таа сфера првпат стана јасно во септември 2018 година. Во финалната фаза на „Челинџ купот“ во Португалија гимнастичарката ја загуби свеста за време на изведувањето на програмата. По тој инцидент не учествуваше на Светското првенство во Баку и оттогаш практично не се натпреваруваше. Претседателката на Федерацијата за ритмичка гимнастика на Русија и главен тренер на репрезентацијата Ирина Винер-Усманова соопшти дека кај Солдатова „се манифестираа одредени наследни елементи на ниво на ДНК кои дојдоа до израз во процесот на растење“.

Солдатова, секако, ќе продолжи да ја води својата страница на „Инстаграм“ која има речиси половина милион следбеници и спаѓа меѓу најпосетените профили на руски спортисти на социјалните мрежи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња