„Не е регистриран режим на прекин на огнот“, рече на брифингот Дмитриј Перепелкин, заменик-началник на Центарот за примирје во рамките на рускиот мировен контингент во Нагорно Карабах.
Тој рече дека руските мировници се ангажирани на обезбедување услови за враќање на бегалците на територијата на Нагорно Карабах. „До денес се вратија вкупно 50116 лица“, рече Перепелкин, пренесува веб-порталот „Интерфакс“.
Според него, руските инженериско-деминерски групи успешно ги расчистуваат преостанатите минско-експлозивни средства во својата зона на одговорност. „До денес, ние целосно деминиравме 802 објекти, повеќе од 210 километри патишта и 566 хектари земјиште. Вкупно се пронајдени и уништени 23759 парчиња минско-експлозивни средства“, рече Перепелкин.
Борбените дејствија на територијата на Нагорно Карабах траеја од 27 септември до 9 ноември 2020 година. Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија донесоа одлука на 9 ноември минатата година за целосен прекин на воениот судир кој започна на 10 ноември во 00:00 часот по московско време.
На територијата на Нагорно Карабах беше испратен руски мировен контингент од 1960 војници и офицери. Во основа се состои од единици на 15 самостојна механизирана бригада која се наоѓа во состав на Централниот воен округ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче