Руски регион прв воведува антиковид легитимации

Sven Hoppe/Global Look Press
Република Башкирија одлучи да биде првата во воведувањето антиковид легитимации за граѓани кои имаат антитела на COVID-19.

Таков документ луѓето ќе можат да извадат почнувајќи од 18 јануари преку порталот за административни услуги. Документот во вид на QR-кода на мобилна апликација автоматски ќе им биде испратен на сите што се вакцинирале или ја преболеле коронавирусната инфекција.

Оние што поседуваат вакво уверение ќе добиваат дури и попусти во продавниците, а жителите постари од 65 години со потврда за антитела ќе бидат ослободени од мерките за задолжителна самоизолација. Ова го објави „Интерфакс” повикувајќи се на изјавата на претседателот на Башкирија Ради Хабиров.

Овој функционер истакна дека легитимациите ќе решат голем број проблеми, а исто така ќе придонесат за популаризација на вакцината меѓу населението.

Во Русија на 18 јануари почна масовна вакцинација на населението против коронавирус. Граѓаните ќе можат да примат еден од двата регистрирани препарати – „Спутник V” на научниот центар „Гамалеја” или „ЕпиВакКорона” на новосибирскиот центар „Вектор”. Процедурата е бесплатна.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња