„Откачени“ руски Дедо Мразовци (ФОТОГРАФИИ)

Виталиј Ањков/Sputnik
Познатите ликови од бајките по обичај им носат новогодишни подароци на руските деца. Но, на овие фотографии не е сé баш вообичаено.

Рускиот Дедо Мраз секаде се појавува со својата внука Снегурочка. На оваа слика внуката е необично снажна. Можеби затоа што во прашање е момче?

Кога новогодишната прослава трае цела вечност...

Жителите на океанските длабочини исто така ги очекуваат подароците на Дедо Мраз!

Дали тоа Дедо Мраз бира Снегурочка најотпорна на мраз?

Овие новогодишни костими белким треба да ги израдуваат најмладите...

Еднаш годишно руските аеродроми и авиони се преполни со Дедо Мразовци. Но, тие не летаат за да делат подароци ширум светот, туку руската авиокомпанија „Победа“ во текот на новогодишните празници не им ги наплатува летовите на патниците кои ќе се облечат вака. И покрај тоа, се разбира, има уште празни места. Што велите за овој маркетиншки потег?

Дедо Мраз ги собира своите „внучиња“.

Дедо Мраз и Снегурочка во градинка. Персоналот е претежно од женски пол, но децата сепак мораат да добијат од некого новогодишен подарок.

Кој знае колку подароци поделил за да се измори вака.  

Овој Дедо Мраз ќе ги посети децата кои цела година биле немирни!  

Мало спортско „интермецо“ меѓу новогодишните гозби.

И Дедо Мраз е жива душа. После руска „бања“ право во снегот.

Овој храбар Дедо Мраз е во посета на руски „моржеви“ кои сакаат „ладна купка“, па реши да им прави друштво.

Среќни Божиќни и Новогодишни празници! Ураааа!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња