Во Русија поставен рекорд по бројност на Дедо Мразовци на една парада

Музей-заповедник "Томская Писаница"
По централните улици на Кемерово (најблискиот поголем град е Новосибирск) поминаа 1279 Дедо Мразовци, со што беше соборен рускиот рекорд.

Парадата е дел од новогодишната кампања „Заедно во Новата година“ која почна на 30 ноември во Кузбас, како што уште се нарекува како Кемеровската област.

Главниот руски Дедо Мраз, оној од Велики Устјуг, рече дека Кузбас му оставил силен впечаток. „Таму живеат толку прекрасни, весели луѓе“, рече волшебникот и додаде дека токму тој го донел ладното време во тој регион.

За сите жители на Кемерово и гости на градот на главниот Плоштад на Советите беше организирана празнична програма во која учествуваше олимпискиот шампион во уметничко лизгање Алексеј Јагудин, хокеј во чизми изработени од валана волна валенки, флешмоб „Рецитирај песна“ и масовно лизгање на мраз.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња