Во Русија нема да има истополови бракови

Christoph Schmidt/dpa/Global Look Press
Во многу западни земји е дозволено склучување истополови пракови. Во Русија, меѓутоа, тоа нема да биде можно, бидејќи според уставните измени, бракот е дефиниран како заедница на маж и жена. Меѓутоа, за да се избегнат потешкотии со толкување на прописите на семејното право, претседателот Владимир Путин предложи во Семејниот законик да се внесе одредба за приоритет на рускиот Устав над правилата на меѓународните спогодби. Нацртот на овој закон го усвои Думата во првото читање на 26 ноември.

Според актуелниот Семеен законик, ако прописите на меѓународните спогодби се разидуваат со одредбите на руското семејно законодавство предност имаат меѓународните спогодби. Меѓутоа, во одредени толкувања тоа може да биде во спротивност со измените во Уставот на РФ. На пример, во највисокиот правен акт се вели дека бракот е заедница на маж и жена, а во некои земји се признаени испополови бракови.

Коментирајќи го нацрт-законот, Павел Крашениников забележува две тенденции во меѓународното семејно право, прецизирање на имотните односи и ширење на кругот на лица со право на стапување во брак.

„Руската Федерација како правен наследник на СССР е вклучена во бројни конвенции и меѓународни спогодби, а ние гледаме дека почнуваат да се појавуваат различни сфаќања за семејството, бракот и пристапот кон приватниот живот“, рече пратеникот.

Според него, усвоените амандмани на Уставот и нацрт-законот, кој ја утврдува неговата предност во однос на спогодбите со другите земји, укинуваат голем број проблеми кои можат да се појават во таа сфера, и ги штитат прават и интересите на руските граѓани.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња