Путин одби да ги воведе во Русија поимите „родител бр. 1” и „родител бр. 2”

kremlin.ru
Според зборовите на Путин, тоа нема да се случи додека тој е на чело на државата.

Претседателот на Русија Владимир Путин одби да ги воведе поимите „родител бр. 1” и „родител  бр. 2” наместо „тато“ и „мамо“. Тој го изјави ова на состанокот на работната група за подготовка на амандманите за Уставот.

Како што во врска со оваа изјава објаснуваат руските медиуми, ваквите формулации се применуваат во некои западни земји. Властите на овие земји ја објаснуваат потребата од нова терминологија со сé поголемиот број истополови семејства.

Прочитајте повеќе: Путин го наведе нормалниот број на деца во едно семејство

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња