Оперативната група на Ловочуварската служба отиде на местото на настанот. Според трагите што ги пронајдоа утврдија дека тигарчињата се нашле на патот од љубопитство. Додека овие големи мачиња го набљудувале автомобилот, во близина се наоѓала тигрицата која внимавала на своите деца. Потоа ги одвела на безбедно.
„Тоа е чест случај, поневнимателни и неискусни млади на тигар да се појавуваат пред луѓе, додека нивната мајка, поучена од богатото искуство, од претпазливост набљудува отстрана, без да се открие. Знаеме каде точно се случул овој настан, но заради безбедноста на тигарчињата и нивната мајка нема да го објавиме тоа. За истото ги молиме и граѓаните, ако добијат желба она што го виделе да го споделат со другите преку социјалните мрежи или на друг начин. Не треба да се заборави дека објавувајќи ја нивната локација би можеле сериозно да ги загрозат“, изјави директорот на центарот „Амурски тигар“ Сергеј Арамилев, пренесува „Комсомолскаја правда“.
Началникот на Управата за заштита на објекти на животинскиот свет на Приморскиот крај Алексеј Суровиј ги истакна грижливиот став и одговорноста на граѓаните кои по средбата со младите тигри се обратија до надлежната служба.
Во случај на средба со тигар на пат стручњаците советуваат да не се напушта возилото, како и да се избегнуваат сите активности кои би можеле да ги испровоцираат животните.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче