Сноуден бара руско државјанство

Manfred Segerer via www.imago-im /Global Look Press
Поранешниот припадник на ЦИА и американската Национална безбедносна агенција Едвард Сноуден изјави дека ќе бара двојно руско-американско државјанство. Ова тој го напиша на својата страница на „Твитер“.

„После долги години одвоеност од нашите родители, мојата сопруга и јас немаме никаква желба да бидеме одвоени од нашиот син. Ете зошто, во време на пандемија и затворени граници, поднесуваме барање за добивање двојно американско-руско државјанство“, напиша тој.

Сноуден кон крајот на октомври доби дозвола за постојан престој во Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња