Едвард Сноуден може засекогаш да остане во Русија

EIBNER/EXPA/Johann Groder / imago stock&people/Global Look Press
Поранешниот припадник на американската специјална служба Едвард Сноуден доби неограничена дозвола за престој во Русија, соопшти адвокатот Анатолиј Кучерена, кој ги застапува неговите интереси во РФ.

„Едвард Сноуден доби неограничена дозвола за престој во Русија“, изјави Кучерена.

Одговарајќи на прашањето како се чувствува Сноуден за време на епидемијата, Кучерена рече дека „со него е сé во ред“.

Сноуден во јуни 2013 година на весниците „Вашингтон Пост“ и „Гардијан“ им предаде низа тајни материјали за програмите за следење преку интернети што ги спроведуваат специјалните служби на САД и на Велика Британија. Тој отиде во Хонгконг, а потоа во Москва, кадешто одредено време се наоѓаше во транзитната зона на аеродромот Шереметјево. Русија му одобри на Сноуден привремен престој од една година под услов да ја прекине својата активност против САД. Во август 2014 година Сноуден доби тригодишна дозвола за престој која му овозможува да патува не само по Русија, туку и надвор од нејзините граници. Во јануари 2017 година на Сноуден му беше продолжена дозволата за престој до 2020 година.

Во април оваа година адвокатот Анатолиј Кучерена соопшти дека Сноуден поднел документи за продолжување на дозволата за престој во Русија за уште три години.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња