UFC почна да продава шубара каква што носеше Нурмагомедов

Getty Images
Во понудата на официјалната продавница на Ultimate Fighting Championship (UFC) се појавија шубари (рус. папаха) какви што носеше борецот Хаиб Нурмагомедов.

Овој новитет се појави на сајтот Ufcstore.

UFC на тој начин почна со продажба на нов артикл, капа од природно овчо крзно со бела боја под називот UFC Papakha Khabib Nurmagomedov. Продавницата наведува дека шубарите се правени рачно и дека се увезени од селото Цудахар во Левашинскиот реон на Дагестан. Цената на артиклот е 165 долари (12 илјади рубли).

Претходно во октомври беше соопштено дека американскиот јувелирски бренд Jacob&Co претставил нова лимитирана колекција часовници направени во партнерство со непоразениот шампион на UFC Хабиб Нурмагомедов. Сите артикли се изработени во боите на спортистот – зелена и сина, а на позадината на бројчаникот се наоѓаат портрет на борецот и негов потпис.

На 24 октомври Нурмагомедов го совлада Американецот Џастин Гејџи на турнирот на UFC и така го задржа шампионскиот појас во лесна категорија. По дуелот тој објави дека го напушта натпреварувачкиот спорт.

Нурмагомедов ја зазема првата позиција на рејтингот на најдобри борци на UFC без оглед на тежинската категорија. Тој има 29 победи во 29 борби.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња