Нурмагомедов планира да ја заврши кариерата кога ќе наполни 34 години

Jason Silva/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Продолжувањето на кариерата на таа возраст би можело сериозно да се одрази на здравјето, смета рускиот шампион.

Рускиот ММА-борец Хабиб Нурмагомедов, шампионот на UFC во лесна категорија, изјави во емисија на телевизијата „Матч ТВ“ дека ќе ја заврши кариерата кога ќе наполни 34 години.

„Не се гледам во ММА на 35 години. На 34 уште и може, но во триесет и петтата е тешко да се настапува во UFC и да се биде во врвот“, изјави тој.

Нурмагомедов истакна дека не се сеќава на ниеден спортист кој се натпреварувал во таа категорија по својата 35 година. Тој исто така смета дека тоа може „сериозно да се одрази на здравјето“.

Хабиб Нурмагомедов наскоро полни 32 години. Во досегашната кариера има 28 победи и ниту еден пораз.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња