Путин со детали за одлуката на својата ќерка да учествува во тестирање на вакцина против коронавирус

kremlin.ru
Ќерката на претседателот на Русија Владимир Путин не се консултирала со него по повод учеството во испитувањето на вакцината против коронавирус.

Таа самостојно одлучи да биде доброволец, изјави на 27 август шефот на руската држава во интервјуто за тв-каналот „Русија 1“.

Според Путин, таа комуницира со голем број луѓе и сака да се чувствува безбедно.

„Сега на нашите стручњаци им е потполно јасно дека оваа вакцина формира стабилен имунитет, се појавуваат антитела, како што се појавија кај мојата ќерка, и дека вакцината е безопаснаˮ, истакна тој.

Според Путин, неговата ќерка првиот ден по примањето на вакцината имала температура 38,4, а наредниот ден била малку над 37 степени. По втората вакцина 21 ден подоцна исто така е забележана слабо покачена температура, но сé „беше добро“.

Првата вакцина на светот против коронавирус беше регистрирана на 11 август во Русија. Препаратот го направија стручњаците на Центарот „Гамалејаˮ. Тогаш Путин рече дека меѓу доброволците кои ја тестирале вакцината била и неговата ќерка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња