„Ума има документ кој докажува дека не е диво животно“, вели Евгенија. „Бизнисот со одгледување егзотични животни е суров и 90% од одгледувачите се поврзани со криволовците“. Таа вели дека ја купила Ума за да ѝ го спаси животот, затоа што животните на фармата живеат во ужасни услови и мали валкани кафези.
Ума е многу умна и дури и разбира некои команди. Нејзе ѝ се допаѓа одразот во огледало. Дури и таа знае дека е неодолива!
Малиот самур зема сé што ќе ѝ се допадне. Тоа е нејзиниот природен инстинкт. Ума со својот чесно украден домат.
„Мојот однос со Ума резимиран во една фотографија: самурот е постојано незадоволен, додека се обидувам да се обидувам да се убедам себеси дека и покрај сé таа е едно медено колаче (некаде длабоко во душата). Макар што и не ме гриза толку силно за прстите, па можам да преживеам“, напиша Евгенија.
Танц со кокошка.
„Скромноста не е нешто со што Умора може да се пофалиˮ.
„По две години заеднички живот таа стана понежна. Може да ве касне секој момент, но сега ми спие во прегратки“.
Самур во брилијанти? Зошто да не!
„Ја одведов Ума в шума. Ума вели дека таму е мокро, валкано и полно со страшни звуци. Самурот одлучи дека сепак ќе владее од својата тераса. В шума одете самите“.
„Луѓето се толку чудни: нé галат, шетаат по наша територија и ни зборуваат со чудни гласови, а кога правиме што сакаме, се лутат! Моето човече не ми дозволува да ѝ го реновирам станот! Кога ќе ги излупам тапетите, таа повторно ги лепи“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче