Наместо да стане бунда, руски самур стана хит на Интернет (ФОТОГРАФИИ)

russian_sable
Умора е името на женка на самур која требало да стане нечија бунда. Наместо тоа, благодарение на една млада дама, овој самур стана ѕвезда на интернет!

1. Женката-самур по име Умора (или скратено Ума) е родена на фарма за крзнени животни со уште две сестри. За среќа, 25-годишната Московјанка Евгенија Федорченко при крајот на 2018 година ја зеде Умора и ја однесе дома, а потоа почна да пишува блог за животот на своето ново милениче. Сега Умора е ѕвезда на „Инстаграм“. Нејзиниот блог веќе има преку 150000 следбеници!

2. „Решив да купам самур на фарма за крзнени животни за на тој начин спасам барем едно животно од смрт“, рече Евгенијаво изјава за руските медиуми. „Условите таму се ужасни. Животните поминуваат 8 месеци во мали валкани кафези. Умора ширеше многу непријатен мирис, беше исплашена и имаше повредено муце“.

3. Сфатив дека самурот ќе биде убиен ако не го земам. Затоа го купив за 15000 рубли (околу 235 долари).

4. Евгенија редовно објавува фотографии и видеа од Умора. Вели дека на почетокот било доста тешко да се воспостави контакт со домашното милениче, но по една година Ума конечно почнала да слуша.

5. Самурот е диво животно и нормално е да се однесува така, но е многу паметен. Ума брзо научила да „оди во ве-це“, па дури и неколку команди.

6. За време на зимата Евгенија сакала на самурот да му го покаже снегот. Во еден момент животното неочекувано се ослободило од корпата и се закопало во снегот. Девојчето се исплашило дека Ума ќе се изгуби, но, за среќа, ја пронашла. После тоа одлучила дека на нејзиното домашно милениче сепак му е подобро во станот.

7. Омиленото „хоби“ на Ума е крадење работи по куќи: „Таа зема сé што ќе посака. Најчесто тие работи остануваат цели, само таа ќе ги крие во своето засолниште“, пишува Евгенија, додавајќи дека Ума може и да каса ако некој ја загрози нејзината „ризница“.

8. Многу следбеници мислат дека Ума голема колку мачка, вели Евгенија, но таа е сепак помала - главата може да ја собере во дланка.

9. Иако изгледа симпатично, Умора може да гризе или да изгребе - обрнете внимание на нејзините остри канџи.

10. И покрај радоста што ѝ ја носи домашното милениче, Евгенија предупредува дека треба да размислите двапати пред да се решите да внесете вакво животно во својот стан. На крајот на краиштата, дивите животни треба да живеат во дивина.

11. „Јас само се надевам дека мојот блог ќе наведе барем еден од 100 луѓе на размислување дали бундата вреди за животите на 50-60 животни? Многу љубители на крзното и не знаат како изгледа самурот. Сега, еве, знаат, благодарение на овој блог и Умора. И навистина се откажуваат од производите од крзно. Тоа ме мотивира затоа што знам дека вредеше да се направи сето ова!“

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња