Путин раскажа како се чувствува во друштвото на луѓе кои не се на високи функции

Kremlin Pool/Global Look Press
Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека како шеф на државата е обврзан деноноќно да биде на врска.

Ова рускиот претседател го раскажа во филмот „Русија. Кремљ. Путин“, чиј фрагмент објави новинарот на телевизијата ВГТРК Павел Зарубин на својата страница на Инстаграм.

„Шефот на државата секогаш мора да биде на врска, цело време, деноноќно. Тоа е негова обврска“, рече рускиот лидер.

Путин исто така раскажа дека се чувствува многу пријатно во друштвото на граѓани кои не се на функции. „Тоа е во извесна мера мојата природна средина, затоа што јас потекнувам од обично работничко семејство“, рече претседателот.

Владимир Путин на фотографијата со жители на Иваново. Русија, март 2020.

Филмот „Русија. Кремљ. Путин“ ќе биде прикажан во недела, 21 јуни во 22:00 часот на тв-каналот „Русија 1“. Рускиот претседател во овој филм направи исклучок и првпат ја покажа „тајната соба“ што се наоѓа до неговиот кабинет во Кремљ. Покрај тоа, раскажа и како му телефонираат внуците на работа и како понекогаш умее да биде остар спрема подредените.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња