Руски бајкери против вандалите: „Братва“ го чува рускиот кварт Брајтон Бич во Њујорк

Членовите на бајкерскиот клуб Bratva во САД, составен од говорители на рускиот јазик, организираа патрола во реонот на Брајтон Бич во Њујорк, каде што живеат доселеници од поранешниот СССР. Полицијата ги поддржува бајкерите и им е благодарна за помошта.

За тоа зборува основачот и претседател на мотоклубот Константин Котов.

„Ние не сме народна самоодбрана, туку едноставно дружина која води сметка за редот, да не дојде до анархија, вандализам и слично. Просто помагаме да се одржи редот во градот. Полицијата го прифаќа нашиот труд, нé поддржува и ни е благодарна за помошта“, вели Котов.

Тој истакнува дека вандалите ќе бидат запрени ако почнат да кршат и да прават неред.

Доброволците патролираат по улиците во автомобили и на мотоцикли. Некои од нив веќе спречија вандалско однесување и уништување. На пример, една од цивилните патроли забележала дека некој има намера да фрли Молотов коктел врз полицијата. А други доброволци забележале хулигани кои бираат цели за уништување.

Котов истакнува дека бајкерите не носат огнено оружје, „макар што би сакале“. Бајкерите можат да си дозволат само „извесни предмети за самоодбрана“, додава тој.

Претседателот на мотоклубот истакнува дека патролирањето се одвива секоја вечер до 3-4 часот во ноќта. Во нормални услови членовите на клубот се состануваат, дружат и посетуваат различни бајкерски манифестации ширум Америка.

Притоа американските медиуми ги критикуваат сите групи за самоодбрана како потенцијални расисти. Според зборовите на Котов, за него заштитата на имотот е поважна од нечие мислење за неговата личност.

„Небаре луѓето кои прават неред се нормални, а оние кои сакаат да ги спречат се лоши? Многу добро. Мене ми е сеедно. Нека зборуваат што сакаат“, вели тој.

Претходно доселеници од руско потекло за време на нередите го заштитија од демонстрантите рускиот ресторан Pushkin во американскиот град Сан Диего.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња