„Кај нас нема да може“: Руси во Америка спречија демолирање на локалот „Пушкин“

pushkinrestaurant
На социјалните мрежи се шири интересна снимка од САД: во намерата да се заштитат од хулиганите и пљачкашите, крупни руски момци направија „жив ѕид“ пред ресторан под називот „Pushkin Russia“.

На руските социјални мрежи фотографијата меѓу првите ја објави Русин од Талин, раководителот на Антифашистичкиот комитет на Естонија Андреј Заренков. Меѓутоа, тој забележува дека некој ја искористил можноста по кој знае кој пат да ги нарече Русите мафијаши, бидејќи фотографијата е опишана со зборовите: „Руската мафија се брани во полн состав“.

Инаку, станува збор за ресторан во Сан Диего, а еве што неговиот сопственик Ајк Газарјан изјави за руските медиуми:

„Никого не тепаме, никого не гибаме, не дозволуваме да го кршат нашето, да ни го демолираат ресторанот. Имам многу пријатели и штом во неделата сфатив што може да се случи, им се јавив и дојдоа во рок од половина час. Вкупно 12 луѓе, со оружје, пиштоли и пушки. Имаме дозвола за оружје и знаеме како се пука. По улиците не се движиме наоружани, но во својот локал имаме право да го користиме.“

Пријателите стоеја два дена и две ноќи пред ресторанот, но ги чуваа и сите соседни локали.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња