Вчера на социјалните мрежи се ширеше фотографија на која се гледаат руски момци кои стојат како жив ѕид пред руски ресторан во Сан Диего.
Некој, се разбира, ја искористи можноста да ги нарече Русите мафијаши, бидејќи фотографијата е опишана со зборовите: „Руската мафија се брани во полн состав“.
„Ден по почетокот на протестите ги обиколив урнатините и не ми се допадна“, вели Ајк Газарјан за RT. „Пет години вложував во овој проект, во ресторанот, и решив да ги повикам своите пријатели, затоа што тоа е најдобриот начин“.
Имало малку полиција и во тој момент чуварите на редот не можеле никако да помогнат, додава тој. „Излеговме со оружје в раце и хулиганите избегаа!“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.