Според извештајот на порталот Autonews од 26 мај, овој 44-годишен возач планира да го користи автомобилот за одење до својата викендичка и за превоз на вино. Со таа цел, тој купи специјална приколка за својата „Нива“ со три врати и ја објави фотографијата на „Инстаграм“. „Сега руските возачи на „Нива“ можат да кажат за себе дека се шумахери“, се шегуваат следбениците во коментарите. Тие го одобруваат неговиот избор: „Брат, имаш смисла за автомобили“. „Колата е топ! Честитам!”
Вакви фургони за превоз на вино Шумахер исфрла на пазарот под сопствениот бренд Schumacher Wines. Вината можат да се дегустираат во неговиот ресторан во Германија.
Во Русија Lada 4x4 има бензински мотор со запремнина од 1,7 литри од 83 коњски сили, како и механички менувач со пет брзини, погон на сите четири тркала, разводна кутија и блокада на средниот диференцијал. Теренците се произведуваат во верзии со 3 и 5 врати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче