Во Московската зоолошка градина се роди младо на редок прстеноопашест лемур (ВИДЕО)

Ondrej Deml/Global Look Press
Во зоолошката градина во рускиот главен град пар прстеноопашести лемури, кои во природата живеат само во шумите на југот и југозападот на Мадагаскар, шестгодишната Бела и десетгодишниот Фунтик, добија принова.

Kaко што шеговито пренесуваат руските медиуми, младото веднаш „им се качило на грб на родителите“. Бидејќи е премногу мало за да се движи само, поголемиот дел од времето тоа го поминува на грбот на родителите.

Откако поради пандемијата на новиот короновирус Московската зоолошка градина беше затворена за посетителите, како ќе расте младото и како животните ги поминуваат овие денови може да се види на социјалните мрежи на зоолошката.

Бидејќи во природа има само околу две илјади од овие животни, водечките зоолошки градини во светот настојуваат да обезбедат резервна популација на мадагаскарски лемури. Московската зоолошка градина е активно вклучена во Европската програма за зачувување на популацијата на овој вид.

Зоолошката градина во рускиот главен град има осум мадагаскарски лемури, вклучувајќи и едно новороденче. Младото на Бела и Фунтик, сé уште мало и ранливо, е многу љубопитно и веќе почна да го истражува своето опкружување, а кога ќе се умори се качува на грбот на сестрата и мајката. Кога ќе порасне би можело да отиде во некоја од водечките руски или странски зоолошки градини, изјави Светлана Акулова, директорката на Московската зоолошка градина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња