Во Италија е отворена болница за лекување на пациенти со COVID-19 во која има и руски лекари

Министерство за одбрана на Русија/Sputnik
На 8 април 2020 година, руското Министерство за одбрана објави дека руските воени лекари заедно со нивните италијански колеги, почнаа да примаат пациенти со COVID -19 во новата болница во Бергамо во италијанскиот регион Ломбардија. Зборуваме за тоа како е изградена руско-италијанска теренска болница и што претставува таа.

Изградба во „кинески“ термини и со руска кујна

Новата болница во Бергамо е изградена за една и пол недела на местото на универзалниот изложбен комплекс Бергамо за достигнувањата на националната економија, изјави рускиот виролог Александар Семјонов, кој сега е во Италија, на својата Фејсбук страница со цел да им помогне на локалните лекари во лекувањето пациенти со коронавирус.

Според него, до 1 април целата потребна медицинска опрема е доставена во болницата.

Италијанците, во знак на благодарност до руските лекари, подготвија боршч и го ставаат знакот „Извини, ова ни е првпат“ до садовите.

Семјонов рече дека на крајот Италијанците направиле „Супа од цвекло, зелка и компир со месен булјон“, но беше вкусно.

„На сите ни недостасува домашна храна и сакаме супа“, напиша вирологот.

До 4 април, болницата е веќе во можност да ги смести своите први пациенти.

„Започна конечното расчистување. Сите наши коментари за санитарните и епидемиолошките состојби се земени предвид. Убаво е што главниот лекар д-р Валоти се покажа како флексибилен и подготвен човек за компромис. Важно е нашите лекари и медицински сестри да бидат што е можно побезбедни“, изјави Семјонов.

Како е направена?

Новата болница се состои од три одделенија – големо одделение за интензивна нега и уште две за пациенти во лесна состојба, рече вирологот.

Болницата има 142 кревети, со повеќе од 200 италијански и руски специјалисти кои работат тука, според веб-страницата на Министерството за одбрана.

Од нив, 32 руски воени лекари и медицински сестри почнаа да ги примаат и да ги лекуваат првите пациенти – вкупно 8 бригади.

Руските лекари ќе бидат на должност деноноќно во три смени, соопштија од одделението.

До моментот кога беше објавен текстов, болницата веќе ги прифати првите 10 пациенти со коронавирус, објави ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

„Првите четворица пациенти беа примени од руските специјалисти и нивниот третман продолжува“, велат од прес-службата на министерството, а пренесува ТАСС.

Според вирологот Александар Семјонов, кој исто така работи таму, еден од италијанските пациенти дури и успеал да се заљуби во руска медицинска сестра.

„Тој беше дури и подготвен да се ожени. Преведувачот ја потврди намерата на „младоженецот“. Дури и без преведувач, беше јасно. Тој не се откажа туку-така“, напиша тој на Фејсбук.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња