Руси во Италија. Илустрација
Министерство за одбрана на Русија/SputnikСпоред вирологот Александар Семјонов, кој исто така почна да работи во болницата, еден од италијанските пациенти веќе стигнал да се вљуби во руска медицинска сестра.
„Беше дури и подготвен да ја ожени. Преведувачот ги потврди намерите на „младоженецот“. Макар што тука и без преведува сé беше јасно. Таков тип не се откажува лесно“, напиша тој на „Фејсбук“.
„Ги обожувам таквите Италијанци преполни со животна радост и љубов спрема животот!“, додаде рускиот лекар.
Инаку, овој руски лекар објавува интересни приказни од животот на руските медицински бригади во Италија. На пример, тој прв го објави „хитот“ во руските медиуми за тоа како Италијанците приготвиле за руските гости боршч. „Извинете, првпат ни е“, гласеше натписот на лонецот со рускиот специјалитет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче