Русин пропаднал во мраз, потоа ден и ноќ талкал низ шума... И преживеал!

Спасувачи. Припадници на Министерството за вонредни состојби на РФ.

Спасувачи. Припадници на Министерството за вонредни состојби на РФ.

Global Look Press
Жител на Камчатка најпрвин пропаднал низ мраз во студена вода, а потоа цел ден и ноќ талкал низ шума, по што го пронашле спасувачи.

Ова е соопштено на сајтот на управата на Министерството за вонредни состојби (МЧС) за Камчатскиот крај.

До спасувачката служба на 9 април се обратил граѓанин на Русија и соопштил дека му исчезнал пријател кој претходниот ден отишол од населбата Заозерно во правец на Халактирската плажа. Патем пропаднал низ мразот во водата, но преживеал, успеал да се извлече и да му телефонира на другарот. По телефон му рекол дека се изгубил во шумата, по што повеќе не бил достапен.

Две екипи на Министерството за вонредни состојби најпрвин неколку часа го барале близу местото каде што бил виден последен пат, а потоа е повикано засилување. На потрагата им се приклучиле полицијата и волонтери. Навечер на еден асфалтиран пат се пронајдени траги кои водат кон длабок и широк мелиоративен канал. Откако го поминале каналот, го пронашле настраданиот. Бил во тешка состојба. Веднаш е префрлен во болница.

Човекот подоцна раскажал дека поминал два мелиоративни канали длабоки два метра и упаднал во третиот. Според неговите зборови, бил целосно мокар и премрзнат. Ноќта ја поминал надвор без можност да запали оган.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња