Руски теренец „Шерп“ извлече лос што пропадна под мразот во реката Кама (ВИДЕО)

Министерство за вонредни состојби

Припадниците на Министерството за вонредни состојби спасија лос што пропадна под мразот во реката Кама во Татарстан, пренесоа руските медиуми.

Среде реката Кама, во близина на селото Котловка во Јелабушкиот реон во Татарстан, во неделата пропадна под мразот еден лос. На помош му беа испратени спасувачи работници со ховеркрафт „Хивус 6“, соопшти Министерството за вонредни состојби.

Спасувачите во зимска опрема дојдоа до лосот и го врзаа со јажиња, но бродот со кој дојдоа, овој пат во својство на тегнач, не можеше да го повлече животното тешко 300 килограми. На помош им притекна еден човек со теренец „Шерп“ кој во придружба на спасувачите го довлече лосот до брегот.

Погледнете повеќе: Кога се возите на крајниот север на Русија а во пресрет ви доаѓа стадо од 3000 ирваси (ВИДЕО)

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња