„Од Русија со љубов“: Руските воени стручњаци дезинфицираа три италијански дома за стари лица

Министерство за одбрана на РФ/Reuters
Руски и италијански војни стручњаци извршија дезинфекција на три дома за стари лица во два италијански града, соопшти Министерството за одбрана на РФ.

„На 29 март 2020 екипа лекари-епидемиолози и стручњаци на единицата за радиолошка, хемиска и биолошка заштита на Министерството за одбрана на Русија заедно со италијански воени стручњаци изврши комплетна санитарна дезинфекција на три дома за стари лица: „Свети Џузепе“ во градот Касниго, „Чечилија Качија дел Негро“ и „Газа Сирена“ во градот Лефе“, се вели во соопштението.

Стручњаците дезинфицираа преку 12000 квадратни метри внатрешни простории, како и приодите до домовите. Во работите беа применети мобилни системи за дезинфекција со аеросоли и автоматски распрскувачи.

„Руските воени стручњаци дезинфицираа вкупно 8 здравствени институции и преку 21000 квадратни метри внатрешни простории“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на РФ.

Сцени од работата на руските стручњаци во Бергамо во саботата вечерта ги прикажа италијанскиот информативен ТВ-канал Tgcom24. Водителот ја започна темата со назив на руската операција „Од Русија со љубов“.

Италијанскиот репортер прикажа „полска“ болница што се гради и каде наредната недела ќе почнат со работа 32 руски стручњаци од тимот што допатува во Бергамо. Болницата се прави во просториите на градскиот саем.

Со звуците на руската химна авторот на прилогот раскажува за тоа како Русите ќе работат рамо до рамо со италијанските лекари.

„Русите ги оставија дома своите блиски во толку тешки времиња и со љубов кон Италија дојдоа ваму заедно со нашите стручњаци да ја бијат битката против COVID-19“, рече италијанскиот новинар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња