„Владимир Путин пушти 800 тигри и лавови ширум земјата за да ги натера луѓето да останат дома. Бидете безбедни!!“
Оваа порака, во која се наведува високо ефикасен метод на руската влада со цел запирање на ширењето на епидемијата на коронавирусот, се појави на 22 март на „Твитер“ и оттогаш собра преку 9 илјади ретвитови и 15 илјади допаѓања.
#Covid_19#StayAtHome
— Nasir Chinioti ناصر چنیوٹی (@_Chinioty) March 22, 2020
Vladimir Putin has given Russians two options.
You stay at home for 2 weeks or you go to jail for 5years.
No middle ground.
RUSSIA: Vladimir Putin has Dropped 800 tigers and Lions all over the Country to push people to stay Home.. Stay Safe Everyone!! pic.twitter.com/vI1NSpe5TR
Во коментарите луѓето се прашуваат дали тоа е навистина точно. Па, дали е? Авторот на изворниот твит, пакистанскиот актер и комичар Насир Чиноти, објави со твитот кадри од репортажа во која Путин и лав шетаат по улици на непознат град, наводно во Русија (снимката е всушност направена во Јоханесбург во Јужноафриканската Република). На некои луѓе им се стори дека оваа немилосрдна мерка е единствената причина што коронавирусот во Русија не е толку смртоносен како во другите земји.
„Дивјачки, ама 100% ефикасно”, напиша еден корисник на интернетот.
„Тој барем го прави тоа за својот народ затоа што се грижи, но да не се заразат лавовите случајно?“, се прашува друг.
„Најдобрата одлука досега. Браво, Путин”, ги поздравуваат луѓето новите мерки.
„Само така” – гласи уште една позитивна порака од корисникот @babyhippos.
Во комбинација со другите слични коментари за тоа дека Владимир Путин остава можност за избор: или да останат дома две недели или да поминат пет години во затвор, лажната вест за лавовите можеби сепак влијаеше врз некои лековерни Руси да останат дома за време на епидемијата.
Освен тоа, во сегашната атмосфера на страв, целта ги оправдува средствата.
Можеби оваа вест би имала повеќе смисла доколку Путин пуштеше мечки да ги задржат луѓето дома, затоа што во Русија овие ѕверки ги има во значително поголем број отколку што има лавови!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче