Патријархот Московски и на цела Русија Кирил го одобри текстот на специјалната молитва за да ги заштити верниците од коронавирусот.
Почнувајќи од 22 март сите храмови на Руската православна црква почнаа со „засилени молитви за совладување на болеста и давање сила на лекарите кои се борат против неа“, се наведува на сајтот на Московската патријаршија.
Текстот на новата молитва е напишан на црковнословенски, а називот на болеста е заменет со изразот „губительное поветрие” (погубна зараза).
Господи Боже наш, не вниди в суд с рабы Твоими, и огради нас от губительнаго поветрия на ны движимаго. Пощади нас смиренных и недостойных рабов Твоих в покаянии с теплою верою и сокрушением сердечным к Тебе милосердному и благопременительному Богу нашему припадающих и на милость Твою уповающих. Твое бо есть, еже миловати и спасати ны, Боже наш, и Тебе славу возсылаем, Отцу и Сыну и Святому Духу, ныне и присно и во веки веков. Аминь.
(Господи Боже наш, не осудувај ги слугите Твои, и заштити нé од погубната зараза што оди на нас. Поштеди нé нас, смирените и недостојните слуги Твои во покајание со топла вера и понизно срце кон Тебе, милосрдниот и во корисна промена дарителниот Бог наш, ти се клањаме и во милоста Твоја се надеваме. Зашто Твое е да нé сакаш и спасиш, Боже наш, и Тебе слава ти вознесуваме, на Отецот и Синот И Светиот Дух, сега и секогаш и во век и веков, Амин)
Претходно Руската православна црква ги повика верниците на „воздржаност, чување на здравиот разум и молитвен спокој“, додавајќи дека е недопустлив „лекомислениот однос спрема инфекцијата од коронавирусот, непочитувањето на препораките на лекарите, игнорирањето на превентивните мерки со изложување на опасноста себеси и блиските“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче