Во центарот на Москва почнаа вечерни литии за спас од коронавирусот

Монасите на Високопетровскиот манастир во центарот на Москва (во улицата „Петровка“, само два километри од Црвениот плоштад) синоќа, на поплочениот тротоар, во литија со молитва за спас од коронавирусот го обиколија манастирскиот комплекс . Според зборовите на игуменот Петар (Еремеев), монасите ќе продолжат со оваа молитвена прошетка секоја вечер. Во литијата ќе одат само монаси, шестмина или осуммина, а не обични граѓани.

Монасите го обиколија манастирот со Влахернската Богородична икона, држејќи се на безбедно меѓусебно растојание. Тие се молат, како што се наведува, за сите на кои им се потребни помош и застапништво.

„Литијата во неволја има долга црковна традиција што потекнува уште од времето на Византија. Свештенството и верниците обиколувале куќи, манастири и цели населби, повикувајќи ги Господ и светците да помогнат. Денес на сите ни е повеќе од потребна помош од небото, така што браќата од нашиот манастир еднодушно одлучија да ги засилат молитвите“, напиша игуменот.

Тој додаде дека посетите на манастирот се откажуваат и најави дека ќе бидат понудени виртуелни обиколки на социјалните мрежи со директни вклучувања во текот на кои припадниците на службата за посети ќе одговараат на прашања на интернет-корисниците.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња