Во текот на последните 24 часа во Русија се откриени 21 случај на инфекција од коронавирус: 4 случаи во Москва, 2 во Самарската област, 2 во Калининградската, 2 во Тверската, по еден во Подмосковје, Краснојарскиот крај, Тамбовската област, Архангелската, Пензенската, Јарославската и Свердловската, Татарстан и Хакасија.
„Според податоците од епидемиолошкото испитување, утврдено е дека овие граѓани во последните две недели посетувале земји во кои инфекцијата од коронавирусот зеде замав. Резултатите се потврдени со регуларна процедура“, истакнуваат од оперативниот штаб.
Стручњаците исто така го утврдија кругот на лица со кои заразените биле во контакт по доаѓањето во Русија. Нивната состојба ќе се следи.
Во моментов во Русија зараза од коронавирус е утврдена кај 114 лица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче