Уште едно девојче од САД пристигнува кај руските лекари во Краснодар за отстранување младежи

Луна Фенер

Луна Фенер

Reuters
Уште една мала жителка на САД со вроден невус (џиновски младеж) на лицето ќе пристигне во Краснодар на лекување. По Луна Фенер таа ќе биде втората американска пациентка во оваа клиника.

„Утре ни доаѓа втората пациентка од САД, од Тексас. Се вика Деми и има 11 месеци. Го има истиот проблем како Луна, само што младежот е со помала површина, речиси двојно“, изјави за РИА „Новости” извршниот директор на клиниката Андреј Алексуткин.

Тој додаде дека семејството на Деми во САД се преселило од Јапонија. Според зборовите на Алексуткин, откако почнало лекувањето на Луна Фенер, бројот на јавувања на странски пациенти се зголемил неколку пати.

Девојчето по име Луна Фенер е родена со џиновски младеж кој ѝ го покрива речиси целото лице. Се покажа дека во Америка нејзиното лекување е речиси невозможно, затоа што лекарите ѝ предлагале да се направат околу 80 операции кои би чинеле до половина милион долари. Краснодарските лекари дознаа за девојчето преку статија на интернет и се обратија до семејството. Кон крајот на септември Луна Фенер је заедно со мајка си Каролина пристигна во Краснодар.

Пред девојчето се вкупно шест до осум операции. Првата беше изведена во октомври, а втората кон крајот на февруари. Во тек е процес на регенерација на ткивото, соопштија од клиниката за РИА „Новости“.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња