Кон крајот на ноември Александар го победи според боксерските правила познатиот во Русија пауерлифтер Михаил Кокаев, а потоа Емелјаненко веднаш го предизвика и олимпискиот шампион во бокс Рахим Чахкиев.
„Во нашиот спортски свет сега е во мода секој да бара да му излезе на мегдан на Александар Емелјаненко. Решив и јас да го сторам тоа, но сè уште не знам по правилата на кој спорт. Што мислите, бокс или борба без правила“, ги прашал Кадиров своите следбеници на „Инстаграм“.
Тој бара мислење и за тоа каде е најдобро да се организира мечот.
„Што мислите, пријатели, во која арена би било најдобро да се тепаме јас и Александар? На тврдата подлога на октагонот или подобро во најдобрите традиции на бокс-класиката, летајќи како пеперутка и бодејќи како оса? Ќе кажам едноставно - решен сум да му одржам мал час по мајсторство на нашиот пријател во која било варијанта. И ќе дадам сé од себе да не го направам часот долг и здодевен“, напиша Кадиров.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче