Кој кого?! Кадиров и Емелјаненко тренираат заедно пред меѓусебната тепачка (ВИДЕО)

Саид Царнаeв/Sputnik, Дмитриј Голубович/Russian Look
Кадиров во стилот на Мухамед Али вети дека ќе танцува како пеперутка и ќе боцка како оса. А сега вели: „Јас и Александар сме шампиони. Но сé уште треба да утврдиме кој е поголем шампион!“

Познатиот руски борец на мешовити боречки вештини (иако не толку познат како неговиот постар брат Фјодор) Александар Емелјаненко во моментов е во Грозни и објави на својот инстаграм-профил заедничка снимка со првиот човек на Чеченија Рамзан Кадиров.

Кадиров претходно јавно зборуваше дека е подготвен да му одржи на Александар мала лекција. Но сé уште не знае дали во боксерскиот ринг „да танцува како пеперутка и да боцка како оса“, или да го меле на тврдата подлога на октагонот.

„Се разбира дека одиме да боксуваме“, вели Рамзан на оваа снимка. „Ние сме шампиони. Јас и Александар – ние сме шампиони. Но, сé уште треба да видиме кој од нас е поголем шампион“.

„И вие тоа нема да го дознаете, за жал“, додава Александар. „Тоа за вас ќе остане тајна“.

Александар, кој неодамна беше притворан поради пијани ексцеси, се обложи во својот автомобил дека во Чеченија година дена нема да вкуси алкохол.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња