Преведувачите на претседателот на Русија Владимир Путин наведоа неколку фрази на шефот на руската држава кои тешко се преведуваат, објави РИА „Новости”.
Советникот во секретаријатот за јазици на Министерството за надворешни работи на Русија Алексеј Садиков во емисијата „Москва. Кремљ. Путин” на каналот „Русија 1“ како пример го наведе изразот „мы не будем стоять враскоряку” („нема да стоиме со расчекорени нозе“). Според него, тој ја слушнал оваа претседателска фраза во телевизиска репортажа и се израдувал што нема да мора да ја преведе.
Садиков исто така рече дека неочекувана била и командата „волно!“, затоа што ако преведувачот не го знае однапред преводот на оваа фраза, таа може да го збуни. Во јуни 2017 година оваа фраза на Путин ја преведоа како Welcome (Добредојдовте)!
Освен тоа, преведувачите интензивно дискутирале за фразата „Донбасс порожняк не гонит” (Донбас не тера празна кола), рече третиот секретар во секретаријатот Наталија Красавина. На крајот изразот го превеле како „Донбас не раскажува бесмислици“.
Путин често користи во својот говор различни изреки, поговорки и слогани. Во јули минатата година „Руската служба на Би-Би-Си“ во една видеоснимка ги собра руските поговорки кои рускиот претседател некогаш ги употребил. Во овој избор се најдоа, меѓу другото, изразите како „сапоги всмятку” со значење на бесмислица, изреката за бабата, дедото и машкиот полов орган, како и неколку изрази на други народи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче