Новата руска спортска ѕвезда? Запознајте ја Соња, булдогот на скејтборд (ВИДЕО)

Петгодишната женка-булдог Соња која вози скејтборд ги освои социјалните мрежи кога заедно со сопственикот Дмитриј ги прикажа своите вештини на затворен скејтборд терен во Челјабинск.

Снимката го прикажува кучето кое совладува рампи, тротоари, па дури и скалила, затоа што обичните фигури беа премногу едноставни за неа. Нискиот центар за рамнотежа кај булдогот ѝ овозможува без проблем да се одржи на четири тркала.

Дмитриј, сопственикот на Соња, објаснува дека Соња уште како младо покажала љубов спрема скејтбордингот.

„Дома имавме скејтборд, еден ден Соња скокна на него и почна да се оттурнува со шепите. Веднаш го засака скејтбордот, затоа што е брз како проектил, постојано е во движење, има тркала, може да се оттурне и да вози“, вели тој.

Денес Соња обично тренира еднаш или двапати неделно, а нејзиниот сопственик вели дека постојано се обидуваат да смислат за неа нови предизвици. Кој знае, можеби ова спортско куче ќе биде тајното оружје на Русија на Олимпијадата 2020 во Токио, посебно затоа што скејтбордингот ќе се појави на ова натпреварување за прв пат.

Погледнете повеќе: Во Русија далекоисточен леопард побегна од куче на дрво

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња